Струмичкиот карневал низ годините секогаш бил причина за гордост за сите струмичани и струмичанки. Тој бил главна афирмација и промоција на Струмица и сѐ што е струмичко.
Годинава се појавивме на најударниот тајминг на Си-Ен-Ен и така светот дозна и слушна за Струмица, ама слушна и за Македонија и тоа не само по проблемите, туку и по нешто што е убаво.
Со Тримерскиот ручек – круната на карневалските празнувања денеска заврши Струмичкиот карневал 2024. Карневалистите по осумдневното управување со градот му го вратија клучот на градоначалникот Костадинов.