На 17.08.2023 во 07.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од с.Ново Село до с.Сушица, Б.С. (26) од с.Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот.
По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.