• Fri. Nov 22nd, 2024

Со т.н. ноќен радар 192 санкции за брзо возење во земјава за 6 часа

ByВане Трајков

Aug 25, 2022

Во текот на изминатата вечер (24.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *