Општина Василево од Бирото за регионален развој обезбеди 3 000 000 денари за асфалтирање на улица во населеното место Добрашинци. Вкупниот Буџет за реализација на оваа улица изнесува околу 5 200 000 денари. Средствата за комплетна реализација во износ од околу 2 200 000 денари се обезбедени од општинскиот Буџет. Како што информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, Бирото за регионален развој ја објави листата на Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби одобрени за финансирање, според која за општина Василево односно за улица во с. Добрашинци, одобрени се 3 000 000 денари. За остатокот од средствата во износ од околу 2 200 000 денари, Советот на општина Василево уште во февруари, во периодот на подготовка на апликацијата, има донесено Одлука за за сопствено учество на општината во реализицијата на проектот.
Должината на улицата изнесува 420 метри и истата се протега од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село. На целата должина предвидена е изградба на два монтажни цевасти пропусти.
Во наредниот период ќе биде распишан тендер за избор на градежна компанија која ќе ги реализира активностите на терен.