Пестицидите се нужно зло во земјоделското производство, но со нивна правилна употреба ќе имаме квалитетна и здрава исхрана, вели професор д-р Душан Спасов. Иако се штетни, тој смета дека се многу потребни и корисни за земјоделското производство, бидејќи се користат против болести и штетници кои ги напаѓаат производите.
Пестицидите се користат во т.н конвенционално производство, каде се води голема грижа околу контролата на нивна употреба. Примената на истите е многу важна, бидејќи освен директни штети, болестите кај растенијата можат да предизвикаат и индиректни штети.
Голем дел од нашите земјоделски производители веќе водат грижа за правилна употреба на пестицидите, вели Спасов.