Советот на општина Василево на денешната редовна седница донесе одлука за утврдување приоритетен проект за финансирање од Европската инвестициона банка во висина од еден милион денари. Советниците одлучија тоа да биде изградба на дел од канализациона мрежа во општинскиот центар Василево за што во изминативе месеци се рабоеше на корекција на проектната документација. На денешната седница беа именувани и членови на УО на ЈП Турија , кои како што кажа градоначалникот Марјан Јанев ќе бидат вистински контролори на работењето на ова комунално претпријатие во надлежност на општината