• Tue. Nov 26th, 2024

Со икона на Исус Христос, Заев му посака среќа на Пандев на ЛОИ во Рио

Со икона направена од монасите од Велјуса со ликот на Исус Христос, првиот човек на општина Струмица Зоран Заев му посака на атлетичарот Ристе Пандев успешен настап на Летните олимписки игри во Рио. Нека ова икона те води кон нов личен и државен успех му посака градоначалникот Заев на младиот атлетичар кој прв пат настапува на олимпијада

24 годишниот Ристе Пандев пак истакна дека ќе даде се од себе достоинствено да ја претстави Струмица и Македонија. Ќе се обиде делницата од 100 метри да ја претрча најбрзо и да постигне солиден резултат

Пандев заедно својот тренер некогашниот атлетичар Ванчо Стојанов со уште шестмина спортисти но и нивни тренери утре заминуваат за Бразил каде ќе земат учество на Летните олимписки игри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *