Викендов стартуваше традиционалниот турнир во мал фудбал што секоја година се одржува во Василево по повод престојните новогодишно-божиќни празници. Според информациите, на турнирот во сениорска конкуренција се пријавиле и ќе се натпреваруваат вкупно 22 екипи од струмичкиот регион но и од Скопје, Куманово, Неготино, Радовиш и Миравци.
Како што информираа од организациониот одбор , според пријавите на екипите со кој фонд на играчи ќе настапуваат се очекува и годинашниов турнир да биде силен со неизвесни натпревари и многу голови. Колку за илустрација на првите три натпревари од овој турнир паднаа дури 27 голови. Дарко ТТ загуби од Берлик Струмица со 3:7 , Стоби Винарија славеше против Конче со 4:3 додека Единство од Владевци го демолираше Едерниково со 8:2
Наградниот фонд на овој турнир изнесува 200 илјади денари а престојните денови се очекува да започнат и дуелите во младинска категроија. Турнирот во Василево кој е под покровителство на општината и градоначалникот Ванчо Стојанов се очекува да заврши околу Божиќните празници