Смртта на 23 годишното момче од Владевци во сообраќајката кај Злеово и тешките повреди кај друго 19 годишно момче од истото село кое се наоѓа на скопските клиники се причините заради кои синоќа и вечерва на кошаркарското игралиште во Владевци нема да се одигруваат натпреварите од Street Basket турнирот. Организаторите на овој турнир на својата официјална ФБ страна напишаа дека во вторник ќе бидат одиграни сите заостанати натпревари
,,Поради големата трагедија што се случи во саботните утрински часови во која згасна животот на едно младо момче од Владевци ,Турнирот ќе биде одложен сабота и недела. Вторник 29.08 ке биде последен ден и ке бидат одиграни сите останати натпревари,, стои во известувањето од организаторите
Street Basket турнирот во Владевци се одржува петта година по ред а на истиот беа пријавени 10 екипи кои беа поделени во две групи