Со симболично сечење на „зелената лента“на градскиот стадион во Гевгелија беше означен почетокот на „Смоквијада 2020“. Честа да го отвори натпреварувачкиот дел ја имаше Вили Џексон, кошаркар на КК „Кожуф“ од Гевгелија, кој во својот краток настап на видео-рекламата за „Смоквијада“ порача дека смоквата е овошје што вреди да се проба. Ако минатата година ЗГ „ТЕРА“ успешно ја реализираше манифестацијата вклучувајќи активности за младите, годинава Смоквијада е со спортистите со цел праќање порака за здрав начин на живот, здрава исхрана и посветеност на рекреирањето. Од почетокот на манифестацијата до денес седум екипи веќе го сварија слаткото, а преостануваат уште шест екипи кои до сабота треба да ги завршат активностите. Во сабота стручна комисија ќе ги оценува слатката од натпреварувачите според посебни критериуми кои се однесуваат на бојата, вкусот, густината на шербетот, шеќерноста… Во соработка со Домот на културата ЗГ „Тера“ во недела во 19 часот ќе организира прогласување на победниците со определен број посетители и почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.За трите најдобри екипи предвидени се парични награди, а за сите учесници исто така награди и подароци.
извор: http://www.gevgelija.gov.mk/vesti/