• Fri. Nov 22nd, 2024

Словенија воведе 14-дневен карантин за граѓаните што патуваат од Македонија

Словенечката влада донесе одлука граѓаните што патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14-дневен карантин.

Одлуката важи и за државјаните на Словенија што патуваат од земјава.

„Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица што влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија одреден им е карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката влада.

Карантинот за Словенците што се враќаат дома од други земји беше укинат пред три недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *