Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“ поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица.
На овој прв турнир учествуваа вкупно 24 екипи од целата држава.
Најдобри резултати на турнирот постигна и првото место го освои екипата на Алопласт-Васил од Јосифово, второто екипата на Термооранжерии од Банско, третото место го освои екипата на Freight one од Радовиш и четвртото екипата на Екликт.
За најдобар играч на Меморијалниот турнир беше прогласен Марјан Ристовски, за најдобар голман Ивица Божиновски и за најдобар стрелец Тони Мичковски.