Синоќа Струмица стави уште еден потпис и печат на „документот“ наречен „македонско-италијанско пријателство“.
Градоначалникот Костадинов присуствуваше и го поздрави извонредниот музичко – поетски настан, како дел од овогодинешниот „Струмица опен фестивал“, но и сподели убави нешта со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри и вицеамбасадорот Марио Де Роза.
Прекрасно одбележување на Денот на македонско – италијанското пријателство, во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица, а во соработка со Амбасадата на Италија и Општина Струмица.
„Особено ме радува фактот што овој настан се случи во годината кога одбележуваме значаен јубилеј – 30 години дипломатски односи меѓу Италија и Македонија. Нека трае нашето пријателство, затоа што таквото пријателство претставува непроценливо богатство“, истакна градоначалникот.