• Fri. Nov 22nd, 2024

Синдикатот за образование и наука: МОН не ги почитува приватниот живот и работното време на наставниците

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) поднесе барања за средба до министерката за образование и наука, Мила Царовска, со цел презентирање и надминување на проблемите со кои се соочуваат наставниците.

Од Синдикатот велат дека МОН не го почитува приватниот живот на наставниците и дека на повеќето од нив работниот ден им трае и повеќе од осум часа.

„На некои од колегите им е двојно зголемен работниот учинок, односно двојно им е зголемен фондот на часови, што е спротивно на Законот за наставниците и стручните соработници, а со тоа работните обврски во денот им надминуваат и над 8 часа. Исто така, МОН не ги почитува приватниот живот и работното време на наставниците, со тоа што доставува работни задачи до наставниците во 23 часот и бара тие да бидат завршени до утринските часови наредниот ден“, велат од Синдикатот.

Од таму додаваат и дека во најголем дел од училиштата работодавецот нема обезбедно компјутер, односно средство за работа за онлајн-настава, а како резултат на тоа, во некои училишта, велат од Синдикатот, директорите ги присилуваат колегите сами да си набават компјутер, без да имаат во обѕир дека и наставниците имаат свои семејства и деца на кои треба да им обезбедат услови за следење онлајн-настава.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *