Симулација на земјотрес во зграда беше показната вежба на Црвениот крст од Струмица заедно со средношколците од СОУ Јане Сндански од Струмица,Дирекцијата за заштита и спасување , ТТПЕ Струмица како и Црвениот крст од Битола.Марјана Тошева од Црвениот Крст од Струмица вели дека децата биле достојни на задачата.
Одирекцијата за заштита и спасување велат дека вежбите се со цел да се стекнат младите со знаење и протокол при елементарни непогоди.
Директорката на СОУ Јане Сандански вели дека учениците и предходно учествувале на показни вежби , но оваа секако била една од покомплексните.
Показната вежба организирана од страна на Црвениот Крстѕ од Струмица е дел од програмските активности на организацијата.