• Fri. Nov 22nd, 2024

Силна поддршка и помош за целосна ресоцијализација и реинтеграција на лица со проблеми со проблеми на зависност

Граѓанската организација „Избор“ од Струмица го одржа четвртиот модул од проектот „Иновативни социјални реформи за вработување маргинализирани групи-корисници на супстанци.“

Дел од активностите се одржаа во терапевската заедница „Покров“ во село Баница, кадешто лицата-  корисници на супстанци коишто се во процес на одвикнување готвеа заедно со окупациониот терапевт Стојан Андонов. Тој истакна дека готвењето е важен сегмент од окупационата терапија.

„Готвењето е дел од важните работи коишто мораат нашите клиенти да ја знаат. Ако тој живее сам, мора да знае да готви. И не само да готви. Да знае да пазари. Како да одбере зеленчук, овошје, како да ги распореди парите, да не ги потроши само на една намирница. А покрај тоа и да си води грижа за сопствената хигиена. Да вклучи машина, да го исчисти својот дом. Сето ова го правиме заедно, бидејќи тие се наши клиенти и ние ги учиме како да се оспособат за самостоен живот,“ рече Андонов.

Во рамки на проектот учесниците од шесте граѓански организации почнаа со подготовки на своите работно-интеграциски програми.

„На овој четврт модул шест организации ќе имаат можност теоретското знаење да го претворат во практично. Овие два дена тие ќе одат чекор по чекор за изработка на своите работно-интеграциски програми. Програмите се изработуваат врз база на претходно избрани клиенти, а кога учесниците ќе се вратат во своите организации ќе можат да почнат да ги имплементираат. Тоа значи дека ќе им отвориме нови хоризонти за нешто ново што ќе можат да го работат со своите клиенти, а потоа ќе им помогнеме да најдат финансиски средства за реализација на овие програми, со цел нивните клиенти да се вработат на пазарот на трудот, “ рече Александра Георгиевска, консултант на проектот.

Овој проект е финансиран од УСАИД за граѓанско учество и ќе трае околу три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *