• Fri. Nov 22nd, 2024

СЗО: Со растот на температурите се зголемува опасност од вирусот зика

By

May 18, 2016 #Свет

Вирусот зика, кој предизвикува дефекти кај новороденчињата и поретко привремена парализа кај возрасните, би може да се прошири и во Европа со растот на температурите, иако ризикот тоа да се случи е помал, потврдија денеска здравствените власти.

Најголем ризик постои во областите со голем број комарци, како североисточниот дел на Црното Море.
– Степенот на ризик од ширење на вирусот се разликува од земја до земја. Ги повикуваме државите во кои можноста од ширење на овој вирус е поголема, да ги преземат сите неопходни мерки за спречување, изјави Жужана Јакоб, директорка на регионалната канцеларија на СЗО во Европа.
Зголемените мерки на претпазливост подразбираат намалување на бројот на комарците од типот Аедес, кои се преносители на овој вирус и оспособување на здравствените установи за дијагностицирање на заразените.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *