Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вчера е забележан рекорден пораст на бројот на заболени од коронавирус на глобално ниво. Потврдени се 284.196 нови случаи.
Најголем пораст е забележан во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во извештајот.
Претходниот рекорд беше забележан на 18 јули – кога бројот на новозаболени за еден ден беше 259.848.
Бројот на смртни случаи порасна за 9.753 што е најголем број на починати по 30 април кога биле потврдени 9.797 смртни случаи.
извор: Макфакс