• Sat. Nov 23rd, 2024

СЗО ги оцени интегрираните патронажни служби како одлична мерка за унапредување на здравствените услуги кај граѓаните

Со нови 134 медицински сестри ги зајакнуваме капацитетите на патронажните служби и го прошируваме нивното делување на територија на целата држава. Патронажните сестри се клучни, а преку оваа мерка ги доближуваме здравствените услуги поблиску до граѓаните, констатира министерот Филипче.

Во насока на зајакнување на капацитетите на патронажните служби и имплементација на проектот за домашна нега на територијата на целата држава, минатата недела 134 медицински сестри почнаа со работа во траење од шест месеци во службите на патронажна дејност во здравствените домови и општи болници во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Програмата се базира на услуги што веќе ги обезбедуваат медицинските сестри кои претежно работат со мајки и деца преку проширување на услугите во заедницата со дополнителна медицинска сестра, социјален работник, физиотерапевт и старател за да ги задоволат потребите и на пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи, постари граѓани и тешко подвижни пациенти, наведуваат од Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *