• Sun. Nov 24th, 2024

Седумчлена група од Струмица извршила 10 тешки кражби

ByЃ. K.

Apr 17, 2024

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(24), З.Х. (53), О.М.(25), М.Д.(34), Е.Ш.(40), А.Ш.(42) и М.К.(25), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени 10 кривични дела „злосторничко здружување“, „тешка кражба“ и „помагање“.

Како што информираа од МВР, во периодот од 11. декември минатата година до 17. март годинава на подрачјето на општина Струмица и пошироко, пријавените извршиле десет кривични дела „тешка кражба“, а украдените предмети ги продавале како старо железо.

By Ѓ. K.