Утрово повторно има метеж на граничните премини.
На Табановце се чека околу 30 минути, а на Ќафасан за влез во државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини, нема подолго задржување за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државниите патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Со денови има гужва на Табановце, а вчера се чекаше и на Богородица.