Од центарот за јавно здравје Гевгелија велат дека нема опасност од ширење на заразната болест во оваа општина. Последните две – три недели не се регистрирани нови случаи на морбили во гевгелиско. Бројката останува околу 18 како што беше пред еден месец кога се прогласи епидемија во повеќе региони во државата. Доктор Сашо Олумчев од Центарот за јавно здравје вели дека дале резултати мерките што ги превзеле, како забрана за престој во градинка на невакцинирани деца.
Од почетокот на епидемијата досега се вакцинирани меѓу 70 и 200 невакцинирани деца, односно сите родени после 2013 се вакцинирани и во моментов се врши редовна вакцинација со МРП вакцина.