• Sat. Nov 23rd, 2024

Се реновира и доопремува гевгелиската болница

Преку ИПА Програмата за погранична соработка со Република Грција, извршено е комплетно реновирање и преадаптација на постоечките простории. Новиот дијабет центар е опремен со нов доплер апарат, Биохемиската лабораторија со комплетно нов инвентар и дополнителна апаратура за анализа. Исто така, амбулантите за неврологија, за урологија и за ортопедија се обезбедени со нова опрема и нова болничка аптека со комплетен современ ентериер.
               – Преку ИПА Програмата за погранична соработка соработка со Република Грција, а во рамките на проектот „Унифициран информационен систем за размена на информации преку примарните здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи – HEALTH-INFO“ во Општата болница во Гевгелија е извршена набавка на нов дигитален ехо-апарат за потребите на кабинетот за рентген дијагностика. Преку овој проект ќе се спроведуваат и бесплатни мамографски скрининзи, информираше  д-р Митко Крџев, директор на болницата, на седницата на Советот на општина Гевгелија, кој расправаше по информацијата за здравствената состојба на населението во општина Гевгелија.
                Од сопствени средства, во Општата болница се извршени молерофасадерски работи во сите амбуланти и одделенија, а старите и дотраени прозорци се заменети со нови. Во Одделението за нервни болест е извршена целосна реконструкција заради подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и квалитет на услугите за пациентите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *