Зголемени приноси од житни култури може да се очекуваат оваа сезона доколку времето и понатаму остане во овие разумни температурни граници. Поголеми приноси на пченица, но и сончоглед може да се очекуваат и поради зголемените површини.Оваа година се засадени многу ниви со овие две култури. Со растот на цените на светските берзи дојде до драстичен пораст на цените на основните прехрамбени продукти во малопродажба. Исто така се зголеми и интересот за одгледување на дел од овие култури