Меѓународниот ден на шегата 1 април денеска во Радовиш беше одбележан и претворен во карневал на детската фантазија.
Плоштадот Св.Спасо Радовишки личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“.
Дефилето започна училиштата кон општинската зграда и движејки се кон плоштадот и овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци и роднини.