Изминативе две недели под покровителство на Општина Радовиш а во организација на ФК Изведен, се одржа Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2023“.
На турнирот учествуваа вкупно 24 екипи.
Вчера во прекрасна атмосфера се одиграа финалните натпревари, а најдобра екипа во сениорска конкуренција беше екипата на Гостилница Кај Џек.
Пехарите, медалите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги доделија претставници од орагнизаторот и Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец.