Се наполија училишните дворови – започна новата учебна година
Учениците денеска се вратија во училишните клупи после една и пол година онлајн настава. Средношколците повторно се на улиците, а во училишните дворови одново се враќа вревата. Училиштата ги пречекуваат учениците според протоколите за заштита од Ковид-19, а за првачињата се организираат свечени приеми.Приемот на учениците се одвива под строги протоколи за заштита од корона вирусот, со мерење на температура и дезинфекција на влезот од училиштата. Годинава наставата ќе стартува со физичко присуство во училниците и покрај лошата епидемиолошка состојба во земјата. Највозбудени беа првачињата за кои денеска стартува една нова образовна приказна. И покрај предизвиците и ризикот од корона пандемијата родителите се децидни дека најдобра едукација за нивните деца е онаа од училишните клупи.
Од Министерството за здравство пак најавија две можни сценарија за текот на учебната година доколку се влоши епидемиолошката состојба. Целосна настава о далечина или комбиниран модел. Одлуката ќе ја носат епидемиолозите заедно со МОН, а ќе важи за секое училиште поединечно.
ристигнати и поделени учебници за прво одделение, а вчера и денес се доставуваат линкови за дигитални учебници за четврто одделение.