• Fri. Nov 22nd, 2024

Се маскирал како комунален работник и се обидел да украде велосипед

Струмичката полиција информира дека денеска околу 10.30 часот, во Струмица, за време на забраната за движење, К.Ј. 26 годишен, жител на село Рич облечен во униформа на комунален работник, извршил тешка кражба на велосипед од куќа, по што бил забележан од вработени во ЈП „Комуналец“ Струмица. Тие веднаш пријавиле во полиција, а во меѓувреме се обиделе да го фатат крадецот.

Кај 26 крадец е пронајден кујнски нож кој со Потврда за привремено одземени предмети е одземен. Свр Струмица вели дека работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *