Санацијата на ударните дупки на патот Василево – Пиперево се изврши заедно со граѓаните и Месната заедница Пиперево.
Од Општина Василево ги известуваат граѓаните на Пиперево дека во наредниот период ќе започне изградбата на последниот крак од фекалната канализација, со што целосно ќе се заокружи изведбата на овој проект.
Во наредните денови, во Општина Василево ќе започне уште еден голем капитален проект, односно изградбата на патот од влезот до центарот на Добрашинци.