Денес, (вторник) 01.08.2023 година во 09.30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.
Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење.
Причинета е значителна материјална штета.