• Fri. Nov 22nd, 2024

Се забрануваат журки на Миконос и Халкидики- нови мерки во најпопуларните одморалишта

Поради зголемувањето на заразените со коронавирус, грчките власти воведоа дополнителни ограничувања во најпопуларните дестинации за одмор.

Така на островот Миконос и на Халкидики ќе бидат забранети журки, верски поворки, како и работа на пазарите, пренесува агенцијата АП.

Дозволено ќе биде да се групираат максимум по девет лица, како на затворен простор, така и на отворено.

Исто така, во угостителските објекти, максимум четири лица ќе можат да седат на иста маса, а доколку станува збор за семејство, на масата ќе може да има шест лица.

Ќе биде задолжително да се носат маски во затворен простор и на отворено.

Мерките ќе бидат применети во наредните 10 дена, според грчкиот весник „Катимерини“.

извор:макфакс

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *