• Fri. Nov 22nd, 2024

Сдсм слави во Струмица-Јаневски со убедливо водство

Актуелниот пратеник, струмичкиот интернист доктор Коста Јаневски, најверојатно ќе биде новиот градоначалник на општина Струмица. Од оваа партија информираат дека се обработени голем дел од податоците и засега со убедливо водство е нивниот кандидат.

Сдсм веќе слави пред седиштето на партијата, од каде најавија прес конференција на којашто ќе ја прогласат победата. Првичните неофицијални информации говорат дека соодносот на советници во советот на општината ќе биде 13 наспроти 10 во корист на Сдсм.

Според досега обработените податоци за градоначалник гласале 13 687 гласачи за Сдсм, 8754 за Вмро Дпмне, додека за советничката листа на Сдсм гласале 13 557 гласачи, а за листата на Вмро Дпмне 8734 гласачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *