Светската банка ги повикува земјите членки на Групата 20 да не воведуваат нови ограничувања на извозот на медицински средства, храна и производи клучни за борбата против вирусот.
Во изјава на видео конференцијата на министрите за трговија на Г20, висок претставник на Светската банка истакна дека пандемијата ќе ја турне глобалната економија во длабока рецесија, ќе ги наруши синџирите на снабдување и ќе ги погоди клучните економски центри.
За да се избегне ударот на пандемијата врз најсиромашните земји, кои имаат ограничени можности за набавка на медицински средства, најголемиот светски доверител ги повика исто така членките на Г-20 да ги отстрани или намали царините на увоз на производи клучни во борбата против коронавирусот и да ги намали или привремено суспендира царините и извозните даноци на храна и други основни производи.