• Sat. Nov 23rd, 2024

САД отворија истрага против „Гугл“, „Ејпл“, „Фејсбук“ и „Амазон“

Министерството за правда на САД соопшти дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија, за тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики.

Истрагата е со цел да се утврди како водечките онлајн платформи на пазарот добиле моќ, дали ѝ наштетуваат на конкуренцијата, дали ги потиснуваат иновациите или на друг начин ги оштетуваат потрошувачите.

Не е прецизирано кои се тие компании, но се наведува дека во разгледувањето ќе се земе предвид загриженоста за „пребарување, социјални медиуми и некои малопродажни услуги на интернет“.

„Без дисциплина во пазарната конкуренција, дигиталните платформи можат да дејствуваат на начин што не одговара на барањата на потрошувачите, изјави во соопштение помошник-државниот адвокат Макан Делрахим, раководител на Одделот за заштита на пазарната конкуренција.

Некои американски медиуми во јуни објавија дека Министерството за правда планира да испита дали „Амазон“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Гугл“ ја злоупотребиле својата пазарна моќ.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *