• Fri. Nov 22nd, 2024

РСБСП: Брзото возење останува доминантна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици

РСБСП: Брзото возење останува доминантна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици.

Брзината е идентификувана како клучен фактор на ризик за безбедноста во патниот сообраќај, кој влијае и на ризикот од сообраќајни незгоди, како и на сериозноста на повредите кои се резултат на сообраќајни незгоди.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

– Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60 км/ч на 50 км/ч. Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото во просек за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места, појаснуваат од РСБСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *