• Fri. Nov 22nd, 2024

РСБСП: Да се надминат стереотипите дека жените се лоши возачи

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, укажувајќи дека расте бројот на жените возачи и дека за разлика од пред дваесетина години кога било реткост да се види жена-возач, сега нивниот број е речиси 50% од вкупниот број на возачи.

И покрај тоа што статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека  ретко може да се види жена да ги потценува последиците од  управување на моторно возило под дејство на алкохол, сепак  и покрај сите  општествени  напори, за жал,  сеуште постојат одредени суптилни форми на стереотипи  за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи. Улогата и значењето на  жената за безбедноста  во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание  како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач е неприкосновена“, се вели во соопштението на РСБСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *