Здружението „Родителски Фронт“ од Струмица во понеделник, 22 април со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе организира дебата на тема: „До каде сме со родот?“.
Од „Родителски Фронт“ велат дека поради сензитивноста на темата, поканети се дебатери кои ќе можат доследно и прецизно да одговорат на прашањето содржано во насловот.
„Родителски Фронт“ ги покануваат граѓаните кои сакаат да ги слушнат аргументите и фактите ЗА и ПРОТИВ родовата идеологија, да бидат дел од публиката.