• Sat. Nov 23rd, 2024

Ригорозни казни за предизвикување пожар

Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа апелираме до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор, апелираа денеска од МВР.

Потсетуваат дека секој што на каков било начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни казни, односно затворска казни од шест месеци до осум години.

МВР, соопштуваат, презема координирани превентивни и други мерки, во месните заедници, со граѓански советодавни групи, навреме да се пресретнат овие појави, а во соработка со другите надлежни институции засилени се и контролно-репресивните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *