• Sat. Nov 23rd, 2024

РЕСТАВРАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „СААТ КУЛАТА“ И „ТУРСКАТА БАЊА“ ВО ДОЈРАН

Општина Дојран објави тендерската постапка за да отпочне реализацијата на проектот преку ИПА програмата кој опфаќа реставрација и реконструкција на ,,Турската бања”, или ,,Градскиот амам” ,,Саат кулата” и пристапни патеки до истите.
Еден од најважните културно- историски споменици на општина Дојран е ,,Саат- кулата” во Стар Дојран.
,,Саат- кулата претставува архитектонско достигнување од 19 век, што го претставува економски и културен просперитет на градот во тој период. За време на Првата светска војна, Саат-кулата и камбанаријата биле срушени, а останале остатоци од кулата до подледниот венец. Со ова, ќе се врати оригиналниот изглед на Саат- кулата и ќр се заштити овој историски и културен споменик што има посебно значење во однос на туристичката понуда на градот.

Во рамките на оваа активност се предвидени следните под-активности:
Целоснa реконструкција на Саат- кулата и хортикултурно уредување на подрачјето околу Саат- кулата, со што ќе се врати оригиналниот изглед на Саат- кулата. Ќе биде дизајниран и произведен сувенир во форма на автентична Саат кула во Стар Дојран
,,Ќе се извршат конзерваторски и реставраторски работи на ,,Турската бања” или ,,Градскиот амам” на сочуваните делови на локацијата, како и расчистување и уредување на областа околу локацијата со цел да се зачува автентичноста на амамот
Постојните патеки што ги поврзуваат Саат-кулата и Турската бања ќе бидат поплочени со обичен камен (калдрма) и истите ќе бидат направени на постојните патеки кои ја поврзуваат Саат кулата со локалните патишта,, кажа градоначалникот Ангов
Ќе бидат изготвени промотивни материјали и видео спотови , за промоција на локалниот туризам, кој ќе содржи информации за културното наследство на Дојран. Ќе бидат поставени патокази и информативни табли за културно- историските споменици

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *