Рекордниот број нови случаи следи откако неколку држави ги олеснија ограничувања за да им се овозможи на помалите бизниси да продолжат да работат. Но, сега со зголемувањето на бројот на заболени, некои сојузни држави повторно ги враќаат мерките.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, донесе одредба за ограничување на капацитетот во рестораните и кафулињата на 50 проценти од местата. Државните власти на Флорида забранија точење алкохол во кафулињата и баровите.
Тексас беше една од првите држави на САД кои започнаа со укинување на рестриктивните мерки, дозволувајќи им на кафулињата и баровите да почнат со работа во мај. Оттогаш, има неколку исклучително високи дневни зголемувања на нови случаи, како што се 5.996 во четвртокот.
Гувернерот на Калифорнија објави дека се воведува строг карантин во округот Империјал, југоисточно од Лос Анџелес.
Досега скоро 125.000 Американци починале од ефектите на ковид-19.
извор: makfax