„Регулаторна“ ќе ја укине евтината дневна тарифа
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.Тој најави и дека ќе се укине дел од профитната маржа на енергетските компании и дека трошоците за обновливи извори, кои секое домаќинство ги плаќа во сметките за електрична енергија, ќе одат како пари за набавка на струја од АД ЕСМ.