Развојот на медиум на локално и регионално ниво мора да има редовна комуникација со својата публика. Како медиум, многу е важно директното вклучување на сите граѓани во комуникација со медиумите заради подобрување на квалитетот на живеење во опкружувањето. Капацитетите на медиумите се ограничени и имаме потреба од информации од јавноста за маркирање на важните проблеми од општествен карактер.
Новото дигитално време наложува модернизација и следење на комуникација со публиката преку сите дигитални канали кои ни се на располагање. Во моментов ја имате можноста да комуницирате со нас преку facebook, twitter профилот, instagram профилот и нашиот youtube канал.
Заради подобрување на квалитетот во комуникацијата ние имаме потреба од Вашето мислење. Во моментов се спроведува анкета за интерна употреба која би ни користела за подобрување на квалитетот во комуникацијата. Вие, како посетител на нашиот веб сајт, ја имате можноста анонимно да го пополните овој прашалник. Одговарањето на прашањата може да ви одземе најмногу 2 минути. Иако ТВ канал ВИС делува во југоисточниот плански регион секој одговор е добредојден. Сите одговори ќе бидат земени во предвид. Со пополнување на прашалникот ги добиваме одговорите каде треба ние да се подобриме. Резултатот од овој прашалник ќе биде јавно презентиран на нашиот веб сајт и facebook фан страна.
За да учествувате во молиме кликнете на следниот ЛИНК.
Секое ваше мислење е важно. Ве молиме и во иднина да продолжите да не контактирате за проблемите кои ве засегаат. Споделувањето на заедничките проблеми со нас можат да доведат до реакција за решавање на истите. Воедно ве замолуваме за воздржување од недолични коментари, лични дискредитации и политизирање на информациите кои ви ги даваме. Ве охрабруваме за секоја информација која ќе ја прочитате на онлајн медиумите да ја проверите точноста на информацијата и изворот.