Во вечерниот дел на програмата од овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ беше и традиционалното сечење на големиот „МЕГА САМУН“ кој оваа година беше 6 метри, кој го изработи Пекара „Лукас Трејд“ од Радовиш.
Градоначалникот Ацо Ристов ја имаше честа да го исече првото парче за потоа да го вкусат присутните граѓани на манифестацијата.
Исто така беше подготвена и Татлија која присутните граѓани ја вкусија.