Нова термо фасада, нов покрив со изолација, нови врати и прозорци и колектори за топла вода, осветлување со енергетско ефикасни светилки и модернизирана водоводно-канализациона мрежа доби објектот на детската градинка „Сонце “ во Ново Село. За реконструкција на објектот беа потрошени 190 илајди евра кои Ново Село ги доби преку проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ во соработка со Сандански, преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
На свеченото отворање, градоначалникот Боро Стојчев рече дека е горд што токму Ново Село, доби современ објект по европски стандард.
Од министерството за руд и социјална политика рекоа дека нивни приоритет е подобрувањето на услугите за детска заштита.
На свеченоста присуствуваа и гости од Сандански, Република Бугарија. Неодамна градинката „Сонце“ ја посети и бугарската министерска Екатерина Захариева, која преку бугарското МНР, донира компјутерска опрема.