• Fri. Nov 22nd, 2024

Професии кои никогаш нема да исчезнат

Businessman, builder, nurse, architect. Isolated over white background

Во текот на човековата историја, многу професии исчезнале прегaзени од напредокот на технологијата. Сепак, одреден број од нив се со нас веќе илјадници години, а се чини дека ќе бидат со нас до самиот крај.

Даночник
Токму сега, некој нервозно си ги грицка ноктите додека даночната инспекција му ги проверува деловните книги. Се додека постојат државите администрации на кои им се потребни средства за да функционираат, ќе постојат и даноците. Значи, со политичарите, и даночниците се “вид” кој засекогаш ќе го прати обичниот човек. Виновниците за појава на даноците се старите Eгиќани, кои го поставиле првиот даночен систем некаде околу 3.000 години пред Христос.

Проститутка
Кога ќе почнат да работат андроиди кои ќе бидат во потполност слични на човекот, можеби и проституцијата ќе стане автоматизирана. Дотогаш, во следните десетина векови на “најстариот занает” му е загарантиран опстанокот. Инаку, првиот спомен за јавна куќа е забележан уште пред 2.500 години во градот Уруку во древната Сумерија.

Политичар
Повеќето не ги поднесуваме, а ретко на кои им се восхитуваме. Вистината е дека никогаш нема да се отарасиме од нив. Према дефиницијата, политиката ја прават процеси и начини на кои се донесуваат одлуки. Значи, додека постои човечкиот род, ќе постојат и политичарите. Но, и тие имаат една добра особина: понекогаш не смејат до солзи.

Фризер
Во животот ништо не е сигурно освен смртта, данокот и шишањето. Некогаш берберите крателе и коса и брада, денес владеат фризерските салони. Најстариот брич за уредно одржување на сите влакна на главата потекнува уште од бронзеното време околу 3.500 години пред нашата ера. Порано берберите исто така ваделе заби и оперирале. Единствена опасност за фризерите во иднината е појавата на робот фризер.

Уметник
Писател, драмтург, глумец, сликар, дизајнер…Уметноста се менувала и еволуирала заедно со технологијата и никогаш нема да исчезне. Но, се почнало пред 40.000 години, кога во пештерите и на карпите биле нацртани првите слики.

Верски водач
Луѓето и во иднината ќе ја бараат смислата на животот, а многу од нив во религијата. Изгледа човекот генетски е предодреден да верува во некоја виша сила (Бог или судбина) која го створила светот и која барем до некаде има влијание и на животот на поединецот. Можеби во иднината ќе откриеме дека верата е само резултат на еволуцијата и една од прилагодувањата на овој свет. Или сепак, се работи за нешто многу подлабоко.

Криминалец
Со напредокот на технологијата и промените во општеството, се менува и криминалот. Некогаш, обичните крадци кои со шипки провалувале во станови, денес се служат со компјутери за софистицирана кражба на банкови сметки. Без разлика на законите , строгите казни и бројноста на полицијата, секогаш ќе се најде некој кого ќе го чешат дланките. Оптимистите веруваат дека човекот и понатаму еволуира и тоа кон духовно и просветлено битие, и дека криминалот во потполно ќе изчезне. Меѓутоа, секојдневието не уверува во спротивното.

Војник
Човечката популација расте, верската нестрпливост се зголемува, а природните ресусрси се се помалку. Сето тоа води кон иднина кој не изгледа светло, и во која војниците ќе имаат полни раце работа (и оружје). Нормално, се додека на боиштето не се појават роботи, убиствени андроиди, терминатори и сите останати убиствени машини.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *