• Fri. Nov 22nd, 2024

Протест на жителите од Вељуса струмичко – бараат заштита од крадци кои оперираат по нивните ниви

ByВане Трајков

May 29, 2021


Жителите на струмичко Вељуса цел час го блокираа влезот на селото за да ги алармираат институциите, бидејки секојдневно се на удар на кражби и уништувања на земјоделските посеви. Тврдаат дека тоа е мала група од соседното село Баница кои секојдневно со вили и секири доаѓаат во атарот на нивното село и го крадат родот со цреши но и ги корнат цели стебла и дрвја.

,,Бараме од институциите на државата заштита и безбедност не е наше да предлагаме како и кој. Си има нивоа на власт, судска, законодавна извршна. Ние бараме на своето свои да бидеме,, кажа Ристо Тасев одгледувач на цреши

Велат дека нема насад во кој крадците немаат влезено,  заради што жителите од ова село се плашат и за нивната безбедност.

,, Да не може сам земјоделец да оди на нива на своето работно место, оти може да наидеш на група крадци кои со вили и секири може да те нападнат. Па заота мора да се групираме цели фамилии заедно да одиме. Нензам кое време дојде да се плашиш на свој имот да си одиш,, вели Бранко Витанов

Во атарот на Вељуса има најмалку 200 хектари насади со цреши и стана најовоштарско село во струмичкито регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *