На 30-ти мај, во организација на Јуроп хаус Струмица, Гевгелија ќе биде домаќин на незаборавна музичка вечер по повод „Денот на Европа 2024″. Прославата ќе започне во 18:00 часот со концерт на детскиот интернационален фестивал „Калинка”, а ќе заврши со незаборавен концерт на отворено насловен „Рок Симфонија”, кој ќе биде во изведба на Камерниот Оркестар на Биотла. Концертот ќе започне во 20:00 часот и ќе се одржи на Плоштадот во Гевгелија.
Овој уникатен музички настан ќе ги обедини звуците на класичната музика и енергијата на рокот, нудејќи неповторливо искуство за сите присутни. Заедно со оркестарот, на сцената ќе настапат и познати македонски изведувачи како Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Сашо Паркет и Наде Талеска, кои со својата уникатност ќе ги испеат најпопуларните македонски рок песни.
„Придружете ни се на 30-ти мај на плоштадот во Гевгелија и дозволете музиката да ве понесе низ патување кое ќе го паметите долго време. Не пропуштајте ја оваа единствена можност да бидете дел од незаборавниот музички хепенинг! Ве очекуваме“, напишаа организаторите.