• Sat. Nov 23rd, 2024

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

ByЃ. K.

Oct 21, 2023

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август годинава изнесувала 54 595 денари.

By Ѓ. K.