Полицијата во Радовиш го пронајде Ј.Ш. кому од шесте години на кои беше осуден на затворска казна му останале уште две години и е предаден во струмичкиот затвор.
„На 2.12.2023 во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш. (31) од Радовиш. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната.
Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната“, информираат од МВР.