• Sat. Nov 23rd, 2024

Промоција на најновата стихозбирка „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева

Со сценографија што потсетува на светнат олтар и со шепот синоќа се кажуваа песните од најновата стихозбирка „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева, во издание на Просветно Дело.
Четвртата стихозбирка на Мицева наликува на циклично патување во внатрешните светови на поетското јас, но Мицева вели дека се инспирирани од бегалската сага.
„Пишувачите обично трагаат по инспирација, ги истражуваат темите за кои што сакаат да пишуваат. Мене едноставно ми се случи бегалската криза. Најпрво гледајќи го тоа човечко кршење, судбинско распатување на два континента, имав отпор да пишувам. И одеднаш низ нив гледав деца, оставени домови, птици кои умираат во летот, скршени соништа. И молитвените, исповедни песни сами се родија“, изјави Мицева.
Покрај книгата, синоќа се прикажа и кусиот поетски филм „Бегство“ што Мицева го изработи со снимателот Кире Пиличев, кој е автор на видео материјалот.
Мицева ги има добиено наградите „Антологија на болката“, Меѓународната литературна награда за поезија „Лирични гласови“ за 2018 година во Софија-Бугарија и „Горан Бујиќ“ на хрватското книжевно друштво, Задар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *